Компаниите кои се вклучени во Формула 1 и кои дејствуваат во Велика Британија користат разни шеми за да ги минимизираат нивните даночни издатоци.
Британскиот „Индипендент“ направи истражување на повеќе компании кои припаѓаат на истата група на Берни Еклстоун и сите тие имаат голем број договори за оданочување со надлежната даночна институција во В.Британија. Тие договори се користат да се намали вкупната даночна основица на компанијата.
Освен ваквите малверзации, весникот пишува и за неплаќањето на данокот на доход кој во Кралството изнесува околу 24%. Ова се прави на тој начин што најголемиот дел од добивката се прикажува како средства кои се користат во производството, а доколку билансот е нула или негативен, тогаш не се плаќа данок.
Во истражувањето се забележува дека и покрај ваквите случувања и релативно малите даночни придобивки од компаниите поврзани со Формула 1, државата има голема корист од преку 5.200 вработувања во оваа област, како и од нивната соработка со други корпорации кои го полнат буџетот.
Индипендент на крајот констатира дека Велика Британија сепак излегува како победник.