На престижниот тениски турнир во Мајами ноќеска завршија осминафиналните мечеви по кои познати се двојките за четвртфиналната фаза.
Последни место меѓу осумте најдобри обезбедија Кеи Нишикори и Гаел Монфис, а претходно тоа го направија Милош Раониќ и Новак Ѓоковиќ.
Во следната фаза најинтересно се очекува да биде на дуелот меѓу првиот носител Ѓоковиќ и седмиот Томаш Бердих.
Двојки за четвртфиналето:
Новак Ѓоковиќ – Томаш Бердих,
Давид Гофин – Жил Симон,
Милош Раониќ – Ник Киргиос,
Кеи Нишикори – Гаел Монфилс.