„Форд Транзит Конект“ прогласен за „Меѓународен ван на годината“

Од:

Новиoт „Форд Транзит Конект“ е прогласен за Меѓународен ван за 2014 година  на изложбата на комерцијални возила „ComTrans“ во Москва, со што „Форд“ стана првиот производител што оваа награда ја освојува две години по ред.

„Форд“ ја забележа вкупно петата титула Меѓународен ван на годината, откако жирито од 24 специјализирани европски новинари на „Транзит Конект“ му доделија 130 од максимално можните 163 поени, ставајќи го пред „Спринтерот“ на „Мерцедес“ со 123 поени и „Канго“ на „Рено“ со 25 бода.

Наградата следеше по претходните успеси на „Транзит“ (2001), „Транзит Конект“ (2003), „Транзит“ (2007) и „Транзит Кустом“ (2013).

Бидејќи „Форд“ во период од само две години целосно ја редизајнира целокупната програма на комерцијални возила, новиот „Транзит Конект“ се придружува во понудата од четири сосема нови „Транзити“. Покрај „Транзит Кустом“, тука е и идниот двотонски „Транзит“ и „Транзит Коуриер“, што во понудата треба да се воведат во токот на 2014 година.

Во „Форд“ велат дека „Транзит Конект“ нуди економичност во поглед на потрошувачката на гориво од четири литри на 100 километри, и ниска емисија на јагледот двооксид од 105 грама на километар. Тоа е подобрување од 34 отсто во однос на претходникот.

Достапен во каросериски верзии Ван, Дабл Каб Ван и Комби, „Транзит Конект“ нуди багажен простор со вкупна запремнина од 2,9, односно 3,6 метри кубни (кратко и долго меѓуосовинско растојание со метална преграда).

Максималната корисна носивост е до 1.000 килограми.

-Новиот „Транзит Конект“ го импресионираше жирито на неколку фронтови, а пред се според тоа што „Форд“ успеа да направи лесен комби со силен  акцент на економијата, рече Питер Виман, претседател на жирито на „Inernational Van od the Seap“.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска