Американскиот производител на автомобили „Ford Motor Co.“ објави дела повлекува 390.000 возила од пазарот во САД, по откривањето на дефект во механизмот за заклучување на вратата.
Се повлекуваат моделите на патничките автомобили „Ford Fiesta“, „Ford Fusion“ и „Lincoln MKZ“, произведени во периодот меѓу 2012 и 2014 година во фабриката крај мексиканската престолнина Мексико Сити.
Од компанијата соопштија дека недостатокот во механизмот за заклучување на споменатите модели може да доведе до отворање на вратата за време на движење на автомобилот. Од септември 2014 година во американските надлежни служби одговорни за безбедност на патниот сообраќај, пристигнала 61 поплака на неисправност при затворањето на вратата на моделот „Ford Fiesta“.
Според сознанијата на компанијата, две лица веќе се здобиле со повреди на рамената поради неисправниот механизам на бравите.
Според друг извештај, уште еден инцидент се случил на паркинг, кога неисправниот механизам предизвикал ненадејно отворање на сите врати на автомобил, при што бил оштетено соседното возило.
Производителот уверува дека бесплатно ќе го замени механизмот за затворање на сите четири врати на споменатите модели.