„Форд“ планира затворање на погоните во Австралија

Од:

Американскиот автомобилски гигант „Форд“ денеска соопшти дека во текот на 2016 година планира да ги затвори своите две фабрики во Австралија и целосно да го запре производството на автомобили во оваа земја, како резултат на зголемените трошоци за производство и падот на цените на возилата.

Првиот човек на филијалата на „Форд“ во Австралија, Боб Грацијано информира дека со ваквата одлука на раководството на компанијата без работа ќе останат 1.200 лица.

Според Грацијано, одлуката за затворање на погоните во Австралија е последица на тоа што во последните пет години тие оствариле загуба од 600 милиони австралиски долари (580 милиони американски долари).

Својата прва фабрика во Австралија „Форд“ ја отворил уште во 1925 година и од тогаш компанијата прерасна во трет најголем производител на автомобили во земјата.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on