Форд ќе го зголеми производството на Линкол возила во Кина

Од:

Автомобилската компанија Форд најави дека до 2022 година ќе го зголеми производството на автомобили во Кина под брендот Линколн со уште пет нови модели. Најавата доаѓа откако Кина, во рамките на трговските преговори со САД, соопшти дека ќе ги подобри условите за присуство на странски автомобилски компании на нејзиниот пазар.

Планот на Форд подразбира и претставување на сосем ново теренско возило кое ќе се произведува во Кина. Некои од брендовите кои ќе се произведуваат се Линколн Авијатор, потоа крос-оверот МКЦ и седанот МКЗ.

Освен производство во кинеските фабрики, Форд годишно извезува околу 80.000 возила од фабриките во Северна Америка во Кина.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска