Американскиот производител работи на новата верзија на супер-спортскиот модел „ГТ“, што треба да се појави на пазарот во 2016 година, дознава „Мотор Тренд“.
Новиот „Форд ГТ“ ќе се појави десет година по прекинот на производството на својот претходник и 50 години по првиот тријумф на легендарниот „Форд ГТ40“ на трката „ 24 часа Ле Ман“.
Засега се познати многу малку детали за новиот модел, но се очекува новиот „Форд ГТ„ да има централно поставен мотор и дека ќе биде дизајниран според угледот на претходните модели на „Форд ГТ“.
„Мотор Тренд“ наведува дека за погон најверојатно ќе биде употребен 5.2-литарски В8, што ќе се најде и во новиот „Мустанг ГТ350“, а кој во „Форд ГТ“ ќе произведува околу 625 кс.