Форд Фокус РС привлече големо внимание со своите перформанси по преставувањето на Саемот во Женева, а компанијата сега обајви дека моделот во Европа ќе чини околу 39.000 евра.
За оваа сума се добива моќна машина што со 345 коњски сили што забрзува од 0 до 100 километри на час за 4,7 секунди и има максимална брзина од 265 километри на час.
Забрзувањето на новиот Фокус РС е подобро од конкурентот Голф Р, кој забрзува од 0 до 100 километри на час за 4,9 секунди и Хонда Сивик Р, благодарение на 2,3 литарскиот ЕкоБуст турбо бензински мотор и погонот на сите тркала.