Компанијата „Форд“ планира во рок од пет години на пазарот да исфрли самовозачки автомобил за комерцијално возење на повеќе лица.
„Форд“ објави и дека, заедно со кинеската интернет компанија „Баиду“ позната по интернет претражувачот, ќе вложат по 75 милиони долари во компанијата „Велодајн“, што произведува ласерски сензори за помош во автономните возила.
„Велодин“ од Калифорнија соопшти дека ќе ги искористи овие 150 милиони долари за производство и намалување на трошоците на сензорите.
Ласерските сензори на оваа компанија можат да се користат и во конвенционалните возила во рамки на системот за помош на возачот како што е автоматското запирање во вонредни околности.
Американците доцнат во оваа трка зад ривалите, но во последно време се повеќе инвестираат во компаниите од Силициумската долина. Исто така, тројно ги зголемиле вложувањата во развојот на полуавтономните системи и двојно го зголемиле бројот на луѓе во развојниот тим во Пало Алто.
-Не сме во оваа трка да бидеме први. Не не загрижуваат потезите на ривалите, а што се однесува до нас, сите опции се отворени, изјави извршниот директор Марк Филдс.
Ривалот на „Форд“ , компанијата „Џенерал Моторс“, веќе соработува со сервисот за личен транспорт „Луф“ и во јануари објави инвестиција од половина милијарда долари.