Фондот основан од британските ѕвезди, како дел од Движењето „Тајм’с ап“ соопшти дека додели над еден милион фунти помош за жените жртви на сексуално вознемирување или злоставување.
Фондот за правда и еднаквост е формиран на почетокот од годината, а поддржан е и од ѕвездите Ема Томпсон, Џемима Кан, Кеира Најтли и Ема Вотсон.
Седум женски организации во Велика Британија добија пари од Фондон, меѓу кои организација за правна помош, за помош на етничките малцинства, за жените мигранти и за Северноирската кризна служба против силувањето.