Фолксвагенот Џета од филмот „Брзи и бесни‟ ќе биде продаден на аукција

Од:

Сите кои го гледале првиот филм од популарната франшиза сигурно се сеќаваат на белата Џета која ликот Џеси ја возеше на трката „Race Wars‟. Автомобилот моментално е во сопственост на глумицата Френки Муниза, а ќе биде продаден на аукција.

Автомобилот поседува и потпис на глумецот Чад Линдберг кој го глумеше Xеси, режисерот на филмот Роб Кохен, како и од починатиот глумец Пол Волкер. 

Под хаубата на VW Jettа се наоѓа 2,0 литарски мотор со турбо полнач кој е споен со 4 степен автоматски менувач. Автомобилот е украсен со графика, а во внатрешноста се наоѓа стандарден аудио систем и конзола Плеј Стејшен 2.

Ќе биде интересно да се види за колку ќе биде продадена скромната Џета која има голема популарност. Аукцијата ќе се одржи во Скотсдејл во Аризона од 23 до 31 јануари. Осмиот продолжеток на филмот во кината ќе биде прикажан на 14 април 2017 година, а потоа се очекуваат уште два филма со кои франшизата ќе биде завршена. 

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ