За да го продаде контигентот од 11.000 нови возила од 2015 година, што беа опфатени со дизел скандалот, гермснската комоанија „Фолксваген“ ги намали цените на овие автомобили и до 8.500 долари.
Кога во есента 2015 година во САД изби аферата откако беше откриено дека „Фолксваген“ лажел на тестовите за емсиите на издувни гасови кај дизел возилата, новите, до тогаш непродадени автомобили, беа повлечени од салоните.
Во меѓувреме, германскиот производител ги модифицира проблематичните возила за да ги исполни стандардите за емисиите што важат во САД, и им ги понуди на купувачите, но наиде на нова пречка.
Проблем е како да се продаде автомобил чиј имиџ во јавноста е нарушен, иако се води како нов, излезен од фабрика пред две години. Поради тоа, „Фолксваген“ ги намали цените на возилата со TDI мотори и до 8.500 долари, а во некои случаи на купувачите им понуди и бескаматно финансирање на 72 месеци.
Во моментов на лагер има околу 11.000 автомобили од моделите „Голф“, „Голф караван“, „Џета“, „Пасат“, „Буба“ и „Буба кабриолет“, но големо прашање е колку возила ќе се продадат дури и со овие наведени погодности.