Германскиот автомобилски гигант Фолксваген најави дека планира да го зголеми производството на автомобили под брендот Шкода, при што е можно да отвори нова фабрика надвор од Чешката Република или Словачка.
Шкода планира да претстави 19 нови модели на автомобили до 2020 година, вклучително и теренци како Кодијак и Карок. Но, раководството на Фолксваген има потешкотии со синдикатот во главната фабрика во Млада Болеслав, во Чешка. Синдикалните водачи се спротиставуваат на планот за воведување работни саботи, и покрај тоа што Фолксваген најави дека ќе отвори 3.000 нови работни места во Млада Болеслав и другите погони во Чешката Република доколку ова барање биде прифатено.
Меѓу опциите, била разгледувана можноста за склопување на Шкода автомобили во некој од помалку искористените погоните на Фолксваген во Германија, но приспособувањето на овие фабрики може да потрае. Компанијата не открива кои други држави би можеле да бидат разгледани за изградба на Шкода фабрика доколку преговорите со синдикатот не вложат со плод.