Фолксваген ќе гради седум фабрики во Кина

Од:

Најголемиот европски производител на автомобили Фолксваген соопшти дека планира да отвори уште седум фабрики во Кина.

– Во следните години ќе изградиме најмалку десет фабрики, од тоа седум во Кина, изјави извршниот директор на компанијата Мартин Винтеркорн.

Германската фирма планира во кинеските фабрики да произведува до 300 илјади автомобили годишно бидејќи кинескиот пазар за возила е најбрзо растечки во светот.

И покрај економските проблеми во Европа, Винтеркорн наведува дека верува во иднина на компанијата и прогнозира раст на профитот. Фолксваген лани оствари рекорден нето профит од 21,7 милијарди евра, 41 отсто повеќе во однос на претходната година.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on