За да може што подобро да се усогласи со потребите и навиките на купувачите, германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ за пет години ќе го скрати животниот век на една генерација од своите модели.
-„Фолксваген“ новиот модел ќе го рестилизира по само три години, за по уште две години да го замени со следната генерација, изјави Јорг Сомер, еден од потпретседателите на компанијата.
Компанијата не соопштува дали истата одлука ќе се однесува и на другите автомобилски марки што делуваат во рамки на групацијата „Фолксваген“ (Ауди, Шкода, Сеат), што може и да се случи доколку се знае дека споменатите брендови имаат многу заеднички склопки и делови заради намалување на трошоците за развој и производство.
Сомер изјави дека „Фолксваген“ до 2018 година ќе вложи седум милијарди долари во новите модели и производни погони во САД. Меѓу новите модели ќе бидат продукциската верзија на концептот „КросБлу“, СУВ возило со седум седишта.
Автомобилот е наменет исклучиво за американскиот пазар, а во продажба ќе се појави во 2016 година.
Од друга страна, купувачите во Европа, место овој модел, истата година треба да ја добијат неговата поевтина верзија во вид на нов СУВ на „Шкода“. с