„Фолксваген“ ја освежи актуелната „Буба“, по гласините дека во 2018 година германскиот производител би можел да го укине овој модел.
Редизајнот за 2017 година ја опфати стандардната верзија како и кабриолетот, а двата модела добија рестилизирани браници, ЛЕД стоп светла, како и нов дизајн на 17-инчните алу фелни и оние со големина од 18 инчи, во Р-Лајн пакетот.
Промените во внатрешноста се дискретни и се однесуваат на поситните стилски интервенции на оделните команди и новата понуда на навлаките.
Погонската гама остана иста, па купувачите и натаму ќе можат да избираат меѓу три бензинци и два дизелаша, во распон на силата од 105 кс (77 кW) до 220 кс (162 кW).
Рестилизираната „Буба“ во европските продажни салони ќе пристигне во текот на летото, а, како што е најајено, цената ќе биде непроменета. Основна верзија со 1.2-литарски бензинец со 105 „коња“ во Германија ќе чини 18.375 евра, додека за најевтиниот кабриолет, опремен со истата погонска единица, ќе треба да се издвојат 22.880 евра.