„Фолксваген“ гради нова фабрика во Кина

Од:

Новата фабрика на компанијата „Фоксваген“ во Кина, што се гради во местото Ѓангса во соработка со кинеската компанија Шангај-Фолксваген, планирано е да се заврши до крајот на 2015 година.

Во неа ќе се произведуваат околу 300.000 возила годишно.

Фолкваген гради комплетен производен објект со преса, фарбарница, каросерница и монтажна лента.

Приоритет во идната фабрика му се дава на намалувањето на потрошувачката на енергија и вода, како и на помала ЦО2 емисија и намалување на количеството отпад во согласност со стратегијата Фолксваген „Think Blue.Factory“.

-Ги прошируваме нашите капацитети во Кина на четири милиони возила годишно до 2018 година, за да ги исполниме барањата на нашите кинески купувачи, изјави Јочем Хејзман, член на управниот одбор на „Фолксваген АГ“, одговорен за пазарот во Кина и претседател и генерален директор на „Фолксваген груп Кина“ на церемонијата на потпишување на договорот.

Фабриката во местото Ѓангса претставува дел од инвестициската програма од 9,8 милијарди евра што ќе се реализира во периодот до 2015 година. Цел на овие инвестициски проекти што се финансираат од средстава на двете компании со заеднички вложувања, Шангај-Фолксваген и FAW-Volkwagen, е да се зацврсти водечката позиција на Фолксваген груп на кинескиот пазар во патничките автомобили.

Фокусот е ставен врз развојот на новите модели и на проширување на производните капацитети.

Оваа фабрика е една од седумте нови Фолкваген фабрики што ќе се изградат во Кини во текот на следните неколку години.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on