Германскиот тунер O.CT Tuning не сакаше да чека дали на пазарот ќе се појави Golf R420 кој би имал 420 KS, па уште еднаш направи своја магија и од моторот на Golf R извлече дури 450 KS.
Долго се шпекулира од продукциската верзија на концептoт R400 на Фолксваген, чиј мотор треба да испорачува 420 KS. Меѓутоа, Фолксваген наводно поради аферата Dieselgate мораше да се откаже од овој модел. Сепак, за да не останаме скратени за супер силниот Голф, германскиот тунер O.CT Tuning го тунираше Golf R, така неговиот 2,0 литарски 4-цилиндричен мотор со турбо полнач наместо 300 KS и 380 Nm обртен момент, развива дури 450 KS и 550 Nm обртен момент.
Ако тоа на некого е премногу, O.CT Tuning нуди и тунерски програми од 370 KS/460 Nm, 378 KS/480 Nm и 395 KS/505 Nm.
За перформансите за сега нема ни збор, но реално е да се очекува дека тунираниот Golf R ќе биде многу побрз од стандардниот. Да потсетиме, стандардниот Golf R од 0 до 100 км на час забрзува за 4,9 секунди со опциски 6-степен менувач со дупло квачило,т.е. 5,3 секунди со мануелен менувач.
Максималната брзина е електронски ограничена на 250 KS, но шефот на развојниот оддел Гуидо Север пред неколку години рече дека автомобилот без блокада достигнува брзина од 270 км на час. Со оглед на фактот дека тунираниот автомобил има 50 отсто повеќе сила од стандардниот, тоа треба да се одрази и на максималната брзина.