„Фолксваген“ го редизајнира моделот „Крос Ап“ за 2017 година

Од:

Компанијата „Фолксваген“ го редизајнира својот најмал „крос“ модел, што во Германија ќе чини од 14.250 евра.

По стандардната верзија на моделот „Ап!“, рестилизирана е и неговата „крос“ верзија. Во однос на моделот што беше претставен во 2013 година, промените во дизајнот се воочливи на предниот браник и маската на ладилникот, а „Фолксваген“ наведува дека го рестилизира и задниот браник.

Од класичната верзија на моделот „Ап!“ автомобилот се разликува по заштитните додатоци на долните делови од каросеријата и покривните шини. Светлата за магла се врамени со хромирани детали, додека куќиштето на надворешните ретровизори се сиви како и браниците.

„Крос Ап!“ за 2017 година е опремен со специјални 16 инчи алуминиумски  фелнами.

Моторизацијата опфаќа 1.0-литарски трицилиндарски бензинец, достапен во варијантите со 75 и 90 кс. Посилниот од двата агрегат имаат турбо полнач и директно вбризгување и на автомобилот му овозможува  од 0 до 100 километри на час да забрза за 10,8 секунди.

Би можело да ве интересира

Летечки автомобил би можел да се најде на пазарот до 2020 година

Емир Латифовиќ

„Голф“ најпродавана марка во Шведска, „Волво“ падна на второ место

Емир Латифовиќ

Моделот „Сузуки Свифт“ за 2017 година ќе има пет врати

Емир Латифовиќ

Ford се откажа од фабриката во Мексико во вредност од 1,6 млрд долари

Емир Латифовиќ

Големите и скапи СУВ модели се побарани во 2016.

Емир Латифовиќ

„Ауди“ во Унгарија произведе милион возила и 30 милиони мотори

Емир Латифовиќ