Фолксваген го претстави Passat R Line

Од:

Фолксваген ја зголеми понудата на Пасат со нов пакет на опрема Р лајн и нов 1,4 литарски штедлив ТСИ бензински мотор.

Пакетот Р лајн надворешно е препознатлив по специјалните аеродинамични каросериски компоненти што на возилото му даваат спортска нота.

Во однос на стандардниот Пасат, изменет е предниот дел на кој се вградени светла за магла, а на задниот дел доминира спојлерот. Автомобилот е понизок за 15 милиметри од стандардната верзија.

Пасат Р лајн доаѓа со 18 инчни фелги со пневматици од 235/40 и би-ксенон и дневни ЛЕД светла. Богатата опрема вклучува Блутут, УСБ и АјПод конекција, ДАБ аудио систем и кожен мултуфункционален управувач.

Новиот Пасат е достапен со 1,6 литарски ТДИ мотор со 105 коњски сили и рачен шестстепен менувач, додека дволитарскиот ТДИ мотор со 140 коњски сили, освен со рачен, достапен е и со ДСГ автоматски менувач.

Во понудата е вклучен и новиот 1,4 литарски ТСИ бензински мотор со 160 коњски сили, кој е чиста и штедлива замена за 1,8 литарскиот ТСИ мотор.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on