ФМП Академија го доби „македонското дерби“ на стартот на БИБЛ лигата

Од:

Кошаркарите на Навико ФМП Академија го совладаa Куманово со 63:59 (29:31) во дуелот на двете македонски екипи во рамки на воведното коло во групата А од новата сезона во балканската БИБЛ лига.

Во неизвесен натпревар во кој двете екипи постојано се менуваа во водство, победникот беше решен во завршните две минути кога ФМП Академија со серија од 10:2 го сврте резултатот во своја корист и победнички се врати од гостувањето во Куманово.

Групата А во регионалната БИБЛ лига брои пет место планираните шест екипи, откако екипата на Пеја беше дисквалификувана поради неподмирување на финансиските обврски.

Покрај Куманово и ФМП Академија, во истата група се натпреваруваат и Хапоел Галил Елион од Израел, Балкан Ботевград и Левски Софија од Бугарија.

Во групата „Б“ пак ќе играат кошаркарите на ТФТ од Скопје, а за противници ги имаат Сигал Приштина, Ирони Нахарија од Израел, Академик Пловдив и Берое од Стара Загора, од Бугарија, како и Ибар Рожаје од Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он