Флик претпазлив пред финалето на Купот на Германија

Од:

Тренерот на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик e претпазлив во пресрет на утрешното финалето на Купот на Германија против Баер Леверкузен.

– Ова е финале и ова е нешто посебно. Задоволен сум од работата на тимот. Навистина ми се допаѓа расположението, квалитетот и интензитетот на тренинзите. Овие се добри предуслови, тоа ни дава одредена самодоверба. Но, ќе играме против тим кој, заради неговите јаки страни, може да нè изненади и да ни нанесе болка. Затоа мора да му пристапиме на натпреварот со целосна концентрација, нагласи Флик.

Тој на располагање ќе ги нема Хави Мартинез и Корентен Толисо.

Натпреварот Баер – Баерн ќе се игра (4 јули) во Берлин со почеток од 20 часот.

Би можело да ве интересира

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски

Фудбалерите на Реал Мадрид по деветти пат станаа светски клупски шампиони