ФИС: Новата скијачка сезона официјално стартува на 23 октомври

Од:

Меѓународната скијачка федерација (ФИС) им даде „зелено светло“ на организаторите на велеслаломските трки со кои на 23 и 24 октомври во австриски Золден и официјално ќе почне новата сезона од Светскиот куп во алпско скијање.

На патеката Ретебах денеска беше извршена снежна контрола по што е потврдено дека на 23 овој месец ќе биде одржана велеслаломската трка во женска конкуренција, а ден подоцна и машката трка во велеслалом.

– На една недела пред стартот можеме да потврдиме дека патеката е во добра состојба и до сабота имаме време да ги искористиме идеалните услови за тренинг со другите нации. Одговорните за патеката направија добра работа, изјави директорот на австриската репрезентација во алпско скијање Кристијан Митер.

По Золден ќе уследи тринеделна пауза пред следните трки закажани за 13 и 14 ноември во паралелен слалом во машка и женска конкуренција.

Би можело да ве интересира

Хорор во Италија: Познат скијач и неговата девојка паднаа во провалија длабока 700 метри

Предраг Петровиќ

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска