Светската скијачка федерација (ФИС) забрани употреба на беспилотни летала со камери за време на трките од Светскиот куп.
Експресната реакција на ФИС доаѓа по синоќешниот инцидент во Мадона ди Кампиљо кога за среќа избегната трагедија, бидејќи беспилотно летало падна на патеката само неколку стотинки, откако тој дел го мина австрискиот скијач Марсел Хиршер.
Директор на ФИС трките за мажите Маркус Валднер изјави дека дроновите нема да се употребуваат се додека тој е на таа функција.
Беспилотното летало со телевизиска камера падна веднаш зад Хиршер и се распарчи на вчерашната слалом, а само среќата го спаси Австриецот од трагедија.
Компанијата одговорна за камерата соопшти дека се испитуваат околностите за падот на авионот.