На Светското првенство во кошарка што се одржува во Шпанија вечерва (21 часот) се игра финалето меѓу САД и Србија. Репрезентацијата на САД го брани златниот медал освоен пред четири години, а воедно ова е шанса Американците за првпат на светските првенства до го одбранат првото место. Досега селекцијата на САД има четири први места на досегашните светските првенства.
На овој шампионат составот на селекторот Мајк Кжижевски постигна победи на сите осум натпревари.
За разлика од нив селекцијата на Србија до финалето стигна со пет победи и три порази, а притоа во „нок аут“ фазата им се реваншираа на Бразил (четвртфинале) и на Франција (полуфинале) за поразите во групата.
Во натпреварот за бронзениот медал вчера Франција ја победи Литванија со 95:93 и за првпат на светските првенства во кошарка освои медал.