Челниците на НБА ја санкционираа Филаделфија поради кршење на правилата за пријавување повредени играчи.
Севентисиксерси објавија дека нивниот најдобар кошаркар Џоел Ембид нема да игра против Оклахома, но се случи спротивното.
Ембид играше против Тандер и постигна 24 поени во победата на неговиот тим од 109-105.
Како резултат на тоа, Филаделфија беше казнета со 100.000 долари.
Натпреварот против Оклахома беше кам-бек на Ембид по повредата на коленото која го оддалечи од терените два месеци.