Екипата на Филаделфија обезбеди учество во НБА плеј-офот, за првпат по шест години.
Во прилог на Филаделфија одеше победата на Индијана над Мајами остварена ноќеска по продолжение со резултат 113:107.
Покрај тоа што и помогна на Фиалделфија, и Индијана избори учество во разигрувањето за титулата, по седми пат во последните осум години и трето последователно.
Филаделфија е четврта, Индијана петта на осум рунди до крајот на основниот дел во Источната конференција од најсилната светска кошаркарска лига.