Фиќо со 180 коњски сили

Од:

Три години по појавувањето на Абарт 695 со посвета на Ферари, брендот во сопственост на Фиат, направи нова верзија, овој пат со посвета на Масерати.

Луксузниот модел „Abarth 695 tributo Maserati“ е усовршена варијанта на моделот Фиат 500, со перформанси на брендот Абарт и со стил кој треба да потсетува на Масерати.

Abarth-695-Maserati-02

Под хаубата има 16-цилиндарски 1.4 литарски турбо мотор, што на автомобилот му дава јачина од 180 коњски сили. Луѓето од Абарт велат дека дополнително за уживањето во овој супер модел придонесува и нивниот електронски менувач кој го скратува времето помеѓу менувањето брзини.

Овој модел ќе биде произведен само во 499 примероци и секој од нив ќе биде обележан посебно. почнува да се продава овој месец по цена од „скромни“ 38 илјади евра.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on