ВИДЕО: ФИФА започна истрага против Германија за нацистичкото скандирање на нивните фанови во Чешка

Од:

Светската фудбалска федерација ФИФА започна дисциплинска постапка против Германија откако нивните фанови на гостувањето во Чешка извикуваа нацистички пароли.

Германија во Прага ја победи Чешка со 2-1, меѓутоа триумфот на актуелниот светски шампион беше засенет од скандирањето и однесувањето на фановите на трибините.

На почетокот на натпреварот тие ја свиркаа химната на домаќинот, користеа пиротехнички средства, го навредуваа напаѓачот на РБ Лајпциг, Тимо Вердер, а најбурни реакции во јавноста предизвика скандирањето „Зиг хајл“ за време на натпреварот.

ФИФА објави дека истражува неколку инциденти и дека е отворен случај и против Чешкиот фудбалски сојуз.

Челните луѓе на германскиот фудбал остро реагираа на однесувањето на фановите, а како алиби користеа тоа што фановите картите за натпреварот не ги купиле од федерацијата.

Поголемиот дел од фудбалерите, како и селекторот Јокаим Лев преку изјави за медиумите и социјалните мрежи реагираа и рекоа дека оваа група навивачи не ги претставува Германците и дека тие не играле за нив.

Германските медиуми стравуваат од остра казна, а дел од нив објавија дека Германија најверојатно ќе помине како Хрватска, кога во квалификациите за Еуро 2016 поради кукаст крст на тревата беа казнети со одземање еден поен, два натпревари играње без публика и парична казна од 100.000 евра.

Би можело да ве интересира

„Црниот мраз“ ја парализира Германија: Повеќе од 260 сообраќајки, затворени училишта и патишта

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите