ФИФА задоволна од ангажирањето на ФФМ за развој на младинскиот фудбал

Од:

Техничка анализа на целокупниот процес за развој на младинскиот фудбал е главна тема на состаноците на раководството на Фудбалската федерација на Македонија, со високите гости од ФИФА – Ева Пасквер, менаџер за развој задолжена за асоцијациите членки на ФИФА и Рудолф Ханс Хеслер, технички асистент во одделот за развој на ФИФА.

Претставниците на ФФМ – директорот на едукативниот центар, Небојша Марковски, координаторот на младите национални тимови и фудбалската академија, Зоран Стратев, селекторите и тренерите на младинските национални селекции и одговорните во Фудбалската федерација во одделот за развој ги презентираа планираните активности, поставените задачи и цели и преку објективно согледување на резултатите, нивна анализа и корекција на евентуалните недостатоци образложија дека се работи во насока постојано да се надоградуваме кога е во прашање младинскиот фудбал и академијата.

Констатацијата на високите претставници на ФИФА е дека ФФМ во програмата за развој на младинскиот фудбал ги следи модерните трендови, постоечките програми и техничката поддршка е на ниво на поголемите федерации, а сѐ со цел да се продуцираат подобри фудбалери, да се изгради правилен микс на спортска и животна едукација, со што ќе се осигура квалитетен развој на младите фубалери.

Една од важните работи потенцирани од претставниците од одделот за развој на ФИФА е координацијата и соработката со координаторите и стручната служба на младинските клубови и ФФМ.

Клубовите во младинските конкуренции според насоките од ФИФА треба да ја следат програмата за развој на младинскиот фудбал на ФФМ, а федерацијата низ теоретска и практична работа да ги пренесува најновите знаења од областа на фудбалот.

 

Фото: МИА

Би можело да ве интересира

Горан Пандев спортски директор на националните селекции

Катерина Ѓуровски

Масар Омерагиќ е нов претседател на ФФМ

Македонија против Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн ќе бара виза за СП2026

А1он

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

А1он

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он