ФИФА во октомври ќе одлучува за терминот на одржување на СП во Катар

Од:

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) на почетокот на следниот месец ќе одржи состанок на кој ќе се разгледа евентуалната промена на времето на одржување на Мундијалот 2022 година во Катар.

Претседателот на ФИФА Сеп Блатер најави изнесување предлог Светското првенство да се игра во зима поради енормно високите температури во Катар.

Европските фудбалски федерации се согласија дека не е нормално да се игра фудбал во Катар во летниот период.

Против поместувањето на СП во зима се големите фудбалски клубови ширум Европа поради поместување на календарите на натпреварувањата во кои тие ќе учествуваат.

Земјата домаќин пред неколку дена уште еднаш го повтори ветувањето дека нема никакви пречки Светското првенство да се организира во лето, бидејќи Катарците се способни да овозможат користење на разладни уреди на сите стадиони и секаде каде што е потребно за времетраењето на Мундијалот.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи