Раководителите на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска на состанокот со претставници на Интерпол се заложија за построги закони, со цел да се спречи местењето натпервари.
Директорот за безбедност на ФИФА, Ралф Мучке истакна дека во сите земји мора да се почитуваат законите против корупција во фудбалот.
Состанокот е одржан по повод недоамна откриената криминална мрежа, обвинета за местење на над 700 натпревари, вклучително натпревари од Лигата на шампиони и квалификациските натпервари за Светското провенство.
– Доживотно ги суспендираме играчите и судиите, но криминалците се уште се на слобода, тие не се казнуваат, изјави Мучке алудирајќи на одбивањето на Сингапур да го уапси осомничениот за местење на натпреварите.
Мора да ги убедиме владите на сите земји да донесат нови закони. Голем број земји немаат закони кои може да се борат против местењето натпевари, изјави тој.
Според податоците на Европол, во Европа се регистрирани околу 380 од вкупно 700 сомнителни натпревари во целиот свет, додека центарот на криминалната мрежа за месетење спортски натпревари е во Сингапур.