ФИФА разочарана од одлуката на Интерпол

Од:

Поради истрагата за корупција во ФИФА, Интерпол реши да го суспендира 10-годишниот договор вреден 20 милиони евра со светската куќа на фудбалот. Со овој договор ФИФА и Интерпол во 2011 година започнаа борба против местењето на натпревари и нелегалното обложување.

Во кусото соопштение на Интерпол, потпишано од генералниот секретар Јирген Сток, стои дека интернационалната полиција ќе ги ’замрзне’ парите од овој фонд.

Инаку по откривањето на корупциската афера во ФИФА, интерпол издаде меѓународни потерници по четворица поранешни функционери на фудбалската организација од маркетинг одделот, додека американското правосудство покрена обвиненнија против 14 лица вмешани во скандалот. Четворица веќе ја признале вината, а се очекува дека наскоро Американците ќе поднесат нови обвиненија.

Сепак од ФИФА порачаа дека се разочарани од одлуката на Интерпол да ја суспендира соработката помеѓу двете страни.

„Разочарани сме од одлуката на Интерпол, нашата соработка во изминатите четири години имаше клучна улога во решавањето на глобалниот проблем со местењето на натпревари. Мислиме дека оваа еднострана одлука ќе има негативно влијание во борбата против криминалните активности во фудбалот. ФИФА ќе остане и понатаму длабоко посветена на оваа важна и успешна соработка и ќе работи таа што побрзо да продолжи“, стои во соопштението од ФИФА.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ