ФИФА размислува да дозволи уште една измена

Од:

Светската фудбалска федерација (ФИФА) размислува да направи промена во правилата. Станува збор за воведување на уште една измена, но таа би била дозволена само ако натпреварот се игра во продолжение.

Целта на ваквата промена е да се спречат евентуални повреди на фудбалерите за време на натпреварот од преголем замор, а ваквиот предлог е прифатен и од селекторот на светските шампиони Германија Јоаким Лев.

Меѓународниот одбор на фудбалските асоцијации ќе разговара на својот состанок кон крајот на месецот и доколку предлогот биде прифатен можно е правилото да се применува од јули годинава.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи