ФИФА прифати преразгледување на извештајот за корупција

Од:

ФИФА прифати уште еднаш да се разгледа извештајот за корупција во врска со гласањето за домаќин за следните две светски првенства во фудбал, откако известувачот на Комитетот за етика, германскиот судија Ханс Јоаким Екерт и американскиот адвокат Мајкл Гарсија, се согласија да се презентира целосниот текст од извештајот од истрагата.

Заклучокот од Комитетот за етика, што беше објавен минатата недела, и наодите на Гарсија ќе им бидат предадени на членовите на Извршниот комитет на ФИФА, кои потоа ќе одлучуваат за тоа какви ќе бидат следните чекори на фудбалската организација.

Тоа значи дека одново се отвора можноста ФИФА уште еднаш да гласа за тоа кој ќе биде домаќин на првенставата во 2018 и 2022 година.

На гласањето во 2010 година во Цирих, Русија беше избрана за домаќин на првенството по четири години, а малечката земја во Персискиот Залив богата со нафта, но без никаква фудбалска традиција, Катар да го организира собориот на фудбалските репрезентации од целиот свет во 2022 година.

Изборот на Русија веднаш беше означен како „политичко решение“, но одлуката за Катар, токму оваа земја да биде првата муслиманска и арапска држава домаќин на едно Светско првенство, предизвика бурна и гневна реакција посебно од САД и Австралија, кои беа противкандидати.

Прво се зборуваше дека Катар нема никакво фудбалско искуство за организацијата на ваков спортски собир, како и дека преголемите горштени во текот на летото прават неможно да се игра и да се гледа фудбал „во пустина“.

Подоцна се појавија сомнежи дека изборот е „купен“ со пари, а како подмитени беа посочувани некои фудбалски федерации од Африка, Азија и Карибите.

Англиската Фудбалска асоцијација (ФА), која ја кандидираше Англија за домаќин за првенството во 2018 година, не го криеше своето незадоволство што беше поразена од Русија, па веднаш отвори јавна дебата за корупцијата во врвот на светскиот фудбал, сомневајќи се во изборот и на двете земји.

Сомнежите за катарската кандидатура беа многу посилни, па ФИФА во 2011 година започна истрага и за тоа го ангажира Американецот Мајкл Гарсија.

Тој реагираше луто на заклучокот на Екерт, во кој не беше најдено ништо нелегално и спротивно на прописите на ФИФА. Според Гарсија, заклучоците што практично ги потврдија одлуките за Русија и Катар, се некомплетни и бараше неговиот извештај да се објави во целост, закануајќи се дека ќе поднесе жалба.

Иако главниот сомнеж е врз одлуката за Катар, ФА и натаму бара да се преиспитува и одлуката за Русија.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ