ФИФА предложи Мундијалот во Катар да се игра во зима

Од:

Работната група на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) денеска даде препорака Мундијалот 2022 во Катар да се игра во ноември и декември со скратен термин на одржување.

Претседателот на Азискиата фудбалска федерација Ибрахим Ал Калиф на новинарите во Доха им соопшти дека очекува оваа препорака да биде усвоена на состанокот на Извршниот одбор на ФИФА следениот месец во Цирих.

Според информациите од Доха, Светското првенство би можело да биде скратено за неколку дена, но форматот 32 репрезентации и 64 натпревари останува.

Доколку препораката на работната група се усвои, тоа би било во спротивност со предлогот на европските лиги кои повеќе сакаат Мундијалот да се одржи во периодот април-мај.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи