ФИФА повторно го казни Мексико поради анти-геј скандирања на навивачите

Од:

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) повторно ја суспендираше фудбалската репрезентација на Мексико, поради анти-геј скандирања на нејзините навивачи.

Мексико ќе мора да ги одигра следните два натпревара во мундијалските квалификации без присуство на публика и да плати парична казна во износ од 60.000 швајцарски франци.

Најновите инциденти се случија во март годинава на натпреварите кои Мексико ги одигра против САД и Доминиканската Република во рамки на квалификациите за Олимписките игри во Токио.

ФИФА соопшти дека отворила нова дисциплинска постапка против Мексико поради скандирања со иста содржина на нејзините навивачи за време на пријателскиот натпревар против Исланд, одигран минатиот месец во Арлингтон, во американската сојузна држава Тексас.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи