Лидерите на ФИФА одобрија строги казни за расизам на натпреварите според кои клубот, поради сериозни прекршувања, може да биде исфрлен од натпреварувањето.
На конгресот на Маурицијус, ФИФА предлогот го изгласа со мнозинство од 99 проценти, а претседателот на организација Сеп Блатер истакна дека сега работат по прашање за расизмот.
Според новите правила за прв помал прекршок, клубовите ќе бидат предупредени, парично казнети или ќе играат одреден број натпревари пред празни трибини.
За посериозни и повторливи прекршоци, казната ќе биде одземање бодови, исклучување од турнирот или исфрлување од натпреварувањето.
Исто така лидерите на ФИФА донесоа одлука фудбалерите или лидерите на клубовите да бидат прогласени за виновни, а доколку навредат врз расна основа, ќе бидат суспендирани на пет натпревари.
Елена Георгиевска