ФИФА покрена дисциплинска постапка против Вест Хем и Сако

Од:

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) покрена дисциплинска постапка против англиската екипа Вест Хем и фудбалерот на овој клуб Дијафра Сако.

Сенегалскиот фудбалер поради „повреда“ на грбот, го откажа својот настап за репрезентацијата на Купот на африканските нации, но потоа настапи за Вест Хем.

Сако на 25 јануари играше за лондонската екипа во четвртото коло на ФА купот против Бристол Сити, а воедно беше стрелец и на решавачкиот гол со кој Вест Хем се пласира во следната рунда.

Според пропозициите на ФИФА, ниту еден фудбалер несмее да настапува во својот клуб, доколку треба да биде со националната селекција.

Од Вест Хем од друга страна тврдат дека, во целост ги почитуваат правилата, иако Африканското првенство се уште е во тек, бидејќи започна на 17 јануари и ќе трае до недела. Селекцијата на Сегал за која не настапи Сако, го заврши својот настап уште по првата групна фаза од Шампионатот.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ