ФИФА планира да ги заостри казните за расизам

Од:

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска соопшти дека планира да ги заостри казните за навреда врз расна основа на Конгресот во мај во Маурициус.

Во соопштението се наведува дека претседателот на ФИФА Сеп Блатер и раководителот на ФИФА Мишел Платини разговарале на денешниот состанок за начините за справување со расизмот и местењето натпревари.

Блатер претходно предложи дека одземањето бодови и исклучување од првенството се најдобро средство за борба против расната дискриминација во спортот.

ФИФА, исто така, соопшти дека победникот на Купот на конфедераии, кој ќе се одржи од 15 до 30 јуни во Бразил, ќе добие награда од 4,1 милион долари.

Вкупниот награден фонд на натпреварувањето изнесува 20 милиони долари и ќе биде поделен меѓу осумината учесници.

Учесници на Купот на конфедерации се, домаќинот Бразил, европскиот и светски шампион Шпанија, Италија, Јапонија, Мексико, Нигерија, Тахити и Уругвај.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи