ФИФА отвори истрага против селекцијата на Косово и на Хрватска

Од:

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска покрена дисциплинска постапка против Косовската и Хрватската федерација поради скандирање на нивните навивачи „Убиј го Србинот“ за време на неодамнешниот натпревар на двете селекции во квалификациите за Светското првенство во Русија.

Како што пренесува „АП“, ФИФА се уште не објави кога ќе се одлучува за можните казни.

Натпреварот меѓу двата тима се одигра во Албанија во Скадар, затоа што Косовската федерација нема дозвола да биде домаќин на свој терен.

Хрватска која победи на натпреварот со 6:0, веќе е под суспензија од ФИФА со два натпревари без публика дома поради нереди на нејзините навивачи.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи