ФИФА отвора музеј 2016 година

Од:

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска најави дека ФИФА музејот ќе биде отворен во март 2016 година во центарот на Цирих.

Музејот ќе биде на два ката на површина од 3.500 квадратни метри.

Уметничкиот директор на музејот, Дејвид Осеј рече дека целта на музејот е да се покаже колку спортот е популарна активност во светот која продолжува да ги инспирира луѓето.

Осеј нагласи дека инспирацијата за изградба на музејот беше музејот на Меѓународниот олимписки комитет, која се наоѓа во Лозана.

ФИФА музејот ќе има постојани и повремени изложби на колекционери, библиотека, центар за истражување фудбал и архивски центар.

Се очекува годишна посета на овој објект помеѓу 250.000 и 300.000 посетители.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи