ФИФА откажа две светски првенства во 2021 година

Од:

Светските првенства за фудбалери до 17 и до 20 години, што требаше да се одржат во 2021 година, се откажани поради пандемијата на коронавирус, соопшти денеска Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА).

Двете завршници се пролонгирани за 2023 година.

Светското првенство до 20 години ќе се игра во Индонезија, а за фудбалери до 17 години во Перу, како што и беше планирано.

– Стана јасно дека глобалната ситуација не успеа да се нормализира на ниво потребно да одговори на предизвиците поврзани со организација на двата турнири, вклучувајќи ги и неопходните квалификации, соопшти ФИФА.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи