ФИФА одлучи да се преигра натпревар од пред десет месеци

Од:

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) донесе одлука да се повтори квалификацискиот дуел за СП 2018 меѓу Јужна Африка и Сенегал.

Овој натпревар беше одигран во ноември минатата година и заврши со победа на Јужна Африка со 2:1. Меѓутоа, гостите вложија жалба до ФИФА поради катастрофално судење и бараа средбата да се повтори, бидејќи сметаа дека неправедно загубија.

Главниот судија Јоспех Ламти во финишот досуди пенал за домаќините, а оваа одлука предизвика огромно незадоволство кај гостинските фудбалери. Сенегал прими гол од пеналот и го загуби мечот.

Потоа следуваше жалбата до ФИФА која одлучи повторниот натпревар да се игра во ноември оваа година, а судијата од Гана доби доживотна суспензија.

Како што е наведено во регулативите на ФИФА, оваа одлука ќе стапи на сила веднаш, но ќе биде предмет на потврда од Организацискиот комитет за натпревари ФИФА на следниот состанок закажан за 14 септември.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи