Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) денеска го објави скратениот список со 23 фудбалери кандидати за освојување на „Златна топка“ за 2015 година.
Најмногу претенденти (шест) за оваа награда која му се доделува на најдобриот фудбалер во годината има од Барселона, а меѓу нив секако е главниот фаворит Лионел Меси.
Од Реал Мадрид номинирани се пет фудбалери, а предводник е актуелниот носител на „Златната топка“ Кристијано Роналдо.
Пет играчи на списокот се и од Баерн Минхен, тројца од Манчестер Сити, а по еден од Челзи, Арсенал, Јувентус и ПСЖ.
ФИФА список со кандидати за „Златна топка 2015“:
Барселона: Лионел Меси, Нејмар, Хавиер Маскерано, Андрес Иниеста, Иван Ракитиќ и Луис Суарез.
Реал Мадрид: Кристијано Роналдо, Герет Бејл, Карим Бензема, Тони Крос и Хамес Родригез.
Баерн Минхен: Роберт Левандовски, Томас Милер, Мануел Ноер, Арјен Робен и Артуро Видал.
Манчесте Сити: Серхио Агуеро, Кевин де Бруин и Јаја Туре.
Челзи: Еден Азар.
Арсенал: Алексис Санчез.
ПСЖ: Златан Ибрахимовиќ.
Јувентус: Пол Погба.
Доделувањето на наградата ќе биде извршено на 11 јануари 2016 година во Цирих.