Меѓународната фудбалска федееација (ФИФА) денеска даде одобрение за употреба на „гол технологијата“ на Светското првенсѕво во фудбал во 2014 година, што ќе се одржи во Бразил.
– По успешната имплементација на клупското првенство на светот, решивме „гол технологијата“ да ја употребиме на Купот на конфедерациите во Бразил во 2013 година, како на сите 12 стадиони на кои ќе се игра Светското првенство во 2014 година, соопшти ФИФА.
Технологиите „Соколово око“, кој веќе се применува во тенисот и крикетот, и „Гол реф“, која содржи специјални мегнетини сензори, веќе беа тестирани во Јапонија. Неодамна една нова „гол технологија“ беше тестирана во Германија, а наскоро во оваа земја ќе биде тестира и уште една нова, четврта технологија.
ФИФА најави дека наскоро ќе распише тендер за избор на „гол технологија“ што ќе се применува на двата големи фудбалски собири во Бразил во 2013 и 2014 година.
ФИФА се реши на употребата на ваква технологија по контроверзната одлука на судиите да не го признаат постигнатиот гол на Френк Лампард на натпревариот Англија-Германија на Светското првенство во Јуѓжна Африка во 2010 година.
Но, за разлика од ФИФА, Европската фудбалска унија (УЕФА) смета дека нема потреба од воведување на ваква технологија, туку наместо тоа европската куќа на фудбалот воведе двајца дополнителни судии.