ФИФА ќе ги зголемува платите на своите функционери за 50 проценти

Од:

Светската фудбалска федерација (ФИФА) планира да ги зголеми платите на членовите на одборите и до 50 % во следните години.

Како што пишува германскиот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ раководството на ФИФА и членовите на комисиите ќе имаат плата од 300.000 до 450.000 долари годишно, но бонусите се укинати.

ФИФА минатата година доживеа значајни финансиски загуби поради недостатокот и заминувањето на спонзори кои следуваа по бројните скандали за корупција.

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино има годишна плата од 1,6 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи