Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ја потврди доживотната суспензија што Кинеската фудбалска федерација им ја изрече на 33 играчи и функционери поради местење натпревари.
Истовремено, на 25 лица им е изречена петгодишна забрана за играње, односно работа во фудбалот, заради корупција во овој во последно време се популарен спорт.
Доживотно се суспендирани судијата Лу Ѓун, кој судел два натпревари од групната фаза на Мундијалот во 2002 година, како и четворицата поранешни кинески интернационалци Шен Си, Кви Хонг, Џијанг Џин и Ли Минг.