ФИФА ја отфрли жалбата на Гарсија

Од:

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) денеска ја одби жалбата на Мајкл Гарсија која се однесуваше на извештајот на Етичката комисија на ФИФА, со што Русија и Катар практично се ослободени од обвиненијата за корупција при изборот на домаќин на Мундијалот 2018 и 2022.

Независниот тужител Гарсија по објавувањето на извештајот на комисијата на 42 страни, поднесе жалба образложувајќи дека погрешно е протолкуван неговиот истражен материјал составен на 430 страни.

ФИФА и натаму е под силен притисок од јавноста да го објави целосниот извештај на Гарсија.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи