ФИФА ја одби жалбата на Платини, останува на сила неговата суспензија

Од:

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ја одби жалбата на  Мишел Платини за изречената тримесечна суспензија па така претседателот на Европската фудбалска федерација (УЕФА) останува да ја одлежи казната.

Платини на почетокот на месецов беше суспендиран поради сомнителни два милиони швајцарски франци добиени за советодавни услуги во 2011 година. За оваа зделка суспензија доби и претседателот на ФИФА во заминување Сеп Блатер.

Французинот е кандидат за наследник на ФИФА, на изборите закажани за 26 февруари, но поради можноста да не му биде прифатена кандидатурата УЕФА вчера ја поддржа номинацијата на Џани Инфантино.

Би можело да ве интересира

ФИФА: Светско првенство 2030 година во шест земји, 2034 година во Саудиска Арабија

Македонија напредуваше две места на ФИФА листата во ноември

А1он

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи